18.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Рашфорд пред Ел Класико: Тоа е најголемиот меч во светот, сакам да победам

Маркус Рашфорд пред почетокот на сезонава дојде во Барселона со цел да ја спаси кариерата. Напаѓачот кој во Англија беше во „втор план“ во Манчестер, а потоа и во Астон вила, сега игра како позајмен во каталонскиот гигант и на последните неколку меча, поради неговата добра игра, добива шанса во стартниот тим.

Следниот меч за Барселона е дуелот против Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, а Рашфорд со нетрпени чека да заигра во своето прво „Ел Класико“.

„Навистина сум возбуден за Ел Класико. Сакам да направам сè што можам за да го добијам натпреварот, кој ќе биде посебен. Ел Класико е најгледаниот натпревар во светот. Победата над Олимпијакос беше многу важна за нас. Донесе позитивна атмосфера. Дадовме мнгоу голови, а сега се надевам дека така ќе биде и на Ел класико“, рече Рашфорд, кој вели дека е презадоволен од тоа како се вклопил во тимот на Барселона.

Реал Мадрид ќе биде домаќин на Барселона на 26 октомври во меч кој ќе започне од 16:15 часот.

- Оглас -

Најнови вести