Манчестер јунајтед не дозволи Лестер и трети пат по ред да се врати непоразен од премиерлигашко гостување на „Олд Трафорд“, па со два гола на Маркус Рашфорд и еден на Џејдон Санчо, Црвените ѓаволи победија со 3-0.
Рашфорд има серија од пет натпревари по ред во сите натпреварувања на кои дава барем по еден гол, а Јунајтед е цврсто на третото место, со три бода негатива зад Сити и пет помалку од Арсенал, кој има и еден меч помалку.
Деби во Премиер лигата имаше 17-годишниот Коби Мејну. Лестер ја има втораа најслаба одбрана во лигата, а на Лисиците им е прекината мини-серијата од две победи по ред.