Рашфорд си купи ново „бентли“, но нема право да го вози!

Sвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, својот возен парк го поднови со нов автомобил „бентли“, за којшто плати 240.000 евра. Сепак, Рашфорд ќе мора да почека за да ужива со својот нов автомобил бидејќи летоска му беше одземена возачката дозвола, кога беше фатен од полицијата дека вози со брзина од 160 километри на час во населено место.

На Рашфорд возачката ќе му биде вратена во месец јануари, а за прекршокот плати и казна од 2.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести