Рашфорд со својот 100-ти гол за Манчестер јунајтед, потврди дека Ѓаволите се живи!

Имам чувство дека Манчестер јунајтед се враќа, рече пред некој ден менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, а денешната победа над Вест Хем од 1-0, потврдува дека неговата изјава е точна.

Јунајтед веќе не е тим за потсмев кој губи од кого ќе стигне, туку тим кој се бори за место во ЛШ, и има осум бода помалку од првопласираниот Арсенал.

Стрелец на голот вреден три бода беше Маркус Рашфорд, кој имаше и друга причина за славје. Стана 22-риот фудбалер во историјата кој постигнал 100 гола во дресот на Црвените ѓаволи, а прв по Вејн Руни од 2009 година наваму.

 

- Оглас -

Најнови вести