Репрезентацијата на Косово подобро се снајде од Израел на поплавениот терен во Приштина, и извојува победа од 1-0 во дуелот кој беше поважен за гостите, бидејќи тие имаа шанса за пласман на Европско првенство за разлика од нашиот сосед.
Милот Рашица погоди во 41-ва минута и на Косово му ја донесе втората победа во квалификациите, после триумфот во минатото коло над Андора. Голот на Рашица погледнете го ТУКА.
Поразот на Израел значи дека сега Швајцарија и Романија се уште поголеми фаворити за освојување на првите две места во групата и пласман на ЕП. Трибините на „Фадиљ Вокри“ не беа исполнети, но имаше тензии, косовската публика ја исвирка химната на Израел, поради случувањата во таа земја и војната со Палестинците.