Расипан телефон кај Црвените ѓаволи, Рангник се жали: Тен Хаг се уште не ми се јавил

Ралф Рангник објави дека се уште нема никаков контакт со неговиот наследник во Манчестер јунајтед Ерик Тен Хаг, кој е назначен за нов тренер на Црвените ѓаволи пред десеттина дена.

Холанѓанецот се уште го предводи Ајакс и тоа успешно, па Копјаниците се пред освојување на нова титула во Холандија.

„Знам дека Ерик го има мојот телефонски број и може да ми се јави кога сака. Знам и дека има уште три кола во Холандија и дека се бори за титула со Ајакс, но може да ми се јавида размениме идеи“, изјави Рангник.

Германецот ја завршува неуспешната и куса авантура како тренер на Манчестер јунајтед, клуб кој ќе остане без ниту една титула и сезонава, а Рангник ќе има нова функција и од идната сезона ќе биде советник во клубот.

Се најавува и дека е најсериозен кандидат за нов селектор на Австрија, но нема да се откаже и од позицијата во Манчестер јунајтед, за која е договорен до 2024 година, па ќе треба да се види како сето тоа ќе фукционира кај Црвените ѓаволи.

 

- Оглас -

Најнови вести