Јувентус и Фиорентина одиграа нерешено 2:2 во меч од 18 коло на Серија А. Домаќините два пати водеа, но гостите израмнуваа и на крајот стигнаа до еден бод. Токму тој бод ја остави Фиорентина на шестото место со 32 бодови, а јувентус останува седми истотака со 32 бодови.
Мечот почна непопуларно. По само седум минути од почетокот и тоа поради наредите кои домашните навивачи ги упатуваа кон напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ. Ривалството на овие два клуба започнува уште во 1990 година кога Роберто Баџо од Фиорентина направи трансфер во Јувентус, што многу ги налути фановите на Виолетовите.
Torcida da Fiorentina direcionou cantos racistas para Vlahovic no jogo contra a Juventus.
“Você é um cigano”, repetiu a torcida visitante. Juiz parou o jogo.
Se os xingamentos se repetirem, o jogo será suspenso pic.twitter.com/xY6lmINqyx
— César Costa (@cesar21costa) December 29, 2024
Истата болка фановите на Фиорентина ја почувствуваа и во 2022 година кога Влаховиќ реши виолетовиот дрес да го замени со тој на Старата дама. За тој трансфер Фиорентина заработи 83,5 милиони евра, но нивните навивачи никогаш не му простија на српскиот репрезентативец.
Откако расистичките напади сопреа, дуелот продолжи. Турам го донесе Јувентус во водство од 1:0 во 20 минута, а израмни Кин во 38 минута. По постигнувањето на голот Кин не сакаше да се радува затоа што претходно има играно токму во Јувентус.
На почетокот на второто полувреме повторно Турам донесе радост за домаќините кога Јувентус поведе со 2:1. Тој гол може да го видите ТУКА. Предноста на домаќините беше до 87 минута кога Сотил постигна атрактивен гол за 2:2.