Реал Мадрид наводно размислува да го раскине договорот со Герет Бејл кој му важи до јуни 2022 година и да го пушти Велшаенцот без отштета. Кралскиот клуб има потешкотии да му најде нова средина на проблематичниот Бејл, па затоа на „Бернабеу“ размислуваат за оваа опција.
Зинедин Зидан потврди дека Бејл не е во неговите планови за претстојната сезона, меѓутоа тој може да остане во Мадрид со оглед на тоа дека нема клуб што може да ги задоволи потребите на Бејл. За да се раскине соработката, Кралевите ќе треба да му ја исплатат преостанатата плата на Бејл, околу 30 милиони евра.
Фактот што поранешната ѕвезда на Тотенхем не добива минутажа кај Зидан, резултираше со кататрофален настап за Велс во мечот против Финска во Лигата на нациите.