Распад систем во Барселона: Како се однесуваше Меси на дуелот против Селта? (Видео)

Ситуацијата во Барселона е далеку од идеална. Тоа го покажува табелата во Примера дивисион, но и сцената која се случи на гостувањето во Виго кај Селта. Во текот на паузата која ја имаат фудбалерите за освежување поради летните горештини, помошниот тренер на Барселона, Едер Сарабио, се обиде да поразговара со Лионел Меси и да му даде некој совет на Аргентинецот.

Капитенот на Барселона забележа дека Сарабио се обидува нешто да му каже, но Меси само ја сврте главата и се тргна подалеку од помошниот тренер. Едер како воопшто да не постоеше за Меси, па Аргентинецот се врати на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести