Распад – систем во Милан: Рафаел Леао и Тео Ернандес му одбија послушност на тренерот Фонсека (Фото)

Лацио и Милан ремизираа синоќа на „Олимпико“ (2-2) во дерби дуелот од третото коло на Серија А. Овој натпревар го одбележа невообичаен потег, бидејќи Рафаел Леао и Тео Ернандес јавно се побунија против тактиката на тренерот Пауло Фонсека и му одбија послушност.

Милан не започна добро во новата сезона на Серија А. Росонерите освоија само два бода во три натпревари, од кои еден синоќа во Рим против Лацио.

Тренерот Пауло Фонсека одлучи на овој натпревар да ги остави на клупата големите ѕвезди Рафаел Леао и Тео Ернандес. Ова ги налути двајцата играчи, кои одлучија јавно да го покажат своето незадоволство.

По голот на Леао во 72-та минута за 2-2, само што влезе на теренот, следуваше судиска пауза за освежување.

Во тој момент сите играчи на Милан пријдоа до линијата за да добијат инструкции од Фонсека за преостанатиот дел од натпреварот, но Ернандес и Леао одлучија да останат на спротивната страна на теренот, во знак на протест што не играа од првата минута. Ова покажува дека тренерот Фонсека нема голем авторитет кај некои играчи.

- Оглас -

Најнови вести