Распеаната Фаланга тргна кон „Олд Трафорд“, сеирџии ги фотографираат нашите фанови (Фото)

Одличното расположение на македонските фанови од фан-зоната во паб, се пресели на улиците низ Манчестер.

Со полициска придружба, Фалангата оди кон „Олд Трафорд“ и за да стигнат дотаму, ќе им требаат околу 50 минути пешачење.

Македонската песна ечи низ градот на текстилот, а меѓу навивачите има микс од мажи и жени, повозрасни и помлади.

Нашите се хит и за локалните жители кои ја искористија приликата да ги фотографираат македонските навивачи.

- Оглас -

Најнови вести