Расплет или заплет на Истокот, има екипи кои мора да победат

Детроит пистонс – Индијана пејсерс (01.00 часот)

Домашниот терен е голема предност во нивните дуели, дури девет пати од последните 10 соочувања славел тимот-домаќин. Така беше и завчера во Индијанаполис. Детроит е шести на Истокот и со победа нема да обезбеди плејоф, но ќе биде во добра позиција. Кај Пистонс неизвесен е настапот на Блејк Грифин, кој има болки на коленото, а Кенард е болен, но и гостите нема да бидат комплетни, ќе ги нема Метјуз и Колисон покрај Оладипо.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Орландо меџик – Њујорк никс (01.00 часот)

Орландо е деветти, блиску е до плејофот, но до крајот на сезоната нема право на кикс бидејќи не зависи само од себеси. Никс се последни на Истокот и домашните нема да дозволат сензација ако сакаат плејоф. На 27 февруари славеше Њујорк, кој во минатата сезона победи во Орландо, но сега ситуацијата е поинаква.

Предлог тип: Х 1 -13.50 (1.93)

 

Мајами хит – Бостон селтикс (01.30 часот)

Важен меч за двата тима. Мајами грчевито се бори за плејоф, со победа може да се искачи на шесто место, но поразот може да го лизне на деветто. Бостон е четврти и не би сакал да ја испушти предноста на домашниот терен барем во првото коло. Селтикс не игра добро на гости, а загуби во Мајами и на првото гостување сезонава (таму во јануари).

Предлог тип: 1 (2.20)

 

Денвер нагетс – Сан Антонио спарс (03.00 часот)

Нагетс е втор на Западот, Спарс е осми и може лесно да се случи овие екипи да играат една против друга во првото коло на плејофот. Денвер во последно време не е многу ефикасен, од последните шест меча, дури четири пати не успеа да даде 100 поени. Од друга страна, Спарс е ефикасен и на 21 јануари последен пат остана на двоцифрена бројка.

Предлог тип: > 212.5 (1.88)

 

ЛА клиперс – Хјустон рокетс (04.30 часот)

Кога денеска би почнал плејофот, овие два тима би се сретнале еден против друг во првото коло бидејќи „ракетите“ се трети, а Клиперс шести. Ова е дерби на Западот според формата. Од последните 20 меча, Хјустон доби 17, а Клиперс 16. Тимот од Лос Анџелес нема олстар-играчи, но по една година пауза, се враќа во плејофот. Клиперс сезонава (во октомври) има две победи против Хјустон, можеби сега „рокетс“ ќе бидат подобри.

Предлог тип: 2 (2.00)

- Оглас -

Најнови вести