Денеска започнуваат мечевите од последното трето коло во групната фаза на Европското првенство, што значи дека ќе има многу калкулации. Домаќинот Германија со максимални шест бода е сигурен патник во нокаут фазата, а вечерва доволно е да не загуби од Швајцарија за да го осигура првото место во групата.
Швајцарија која има четири бода, дури и со пораз може да остане на второто место во групата, ако Шкотска не ја победи Унгарија и тоа убедливо. Унгарија е без бодови, но не е без шанси, затоа што ако слави вечерва, ќе има три бода и ќе го чека расплетот од останатите групи.
На ова ЕП, во следната фаза поминуваат и четирите најдобропласирани трети селекции од шесте групи.

