Барселона го елиминира Наполи од Лигата на Европа откако на „Диего Армандо Марадона“ Каталонците победија со 4-2. Барса во првото полувреме даде три гола и најави дека е расположена, а Елиф Елмас и другарите беа немоќни.
Ренџерс и Борусија Дортмунд одиграа 2-2, резултат кој ги однесе Шкотите во осминафиналето, а драма имаше во Севилја, каде што Зенит даде гол за 1-0 против Бетис во 91-вата минута, но погодокот на Чистјаков, кој делуваше регуларен, беше поништен по прегледување на снимката.
Ако победеше рускиот тим со 1-0, со новото правило со кое голот во гости губи значење ќе имаше продолженија затоа што првиот меч заврши со 3-2 за Бетис. Продолженија ќе има во Брага, каде што португалскиот тим со 2-0 го победи Шериф, а Бобан Николов и другарите славеа со истиот резултат на првиот дуел дома.
Ова е најубавиот гол во Неапол вечерва, го постигна Френки де Јонг:
https://twitter.com/i/status/1496941916121935877