Интер гостува кај Шахтар, кој во првото коло славеше победа над Реал среде Мадрид, што значи дека Нераѕурите ќе треба да бидат претпазливи во Киев. Сепак, Конте знае дека неговиот состав е во добра позиција да издвои позитивен резултат, со оглед на тоа дека Ромелу Лукаку е во извонредна форма.
Белгискиот голгетер цели на 10-ти последователен меч во Европа во кој постигнал барем еден гол за да му се доближи на рекордерот Кристијано Роналдо, кој брои гол во 11 средби во низа. Сметајќи ги натпреварите од ланската сезона во ЛШ и ЛЕ, Лукаку се радуваше во девет последователни средби, сепак поимпресивна е серијата на Роналдо бидејќи ја оствари само во мечеви од најелитното меѓународно натпреварување.
Дека е максимално расположен за тресење мрежи, Лукаку докажува со веќе седум погодоци во шест меча, пет се во Серија А, додека два реализира во ремито против Мехненгладбах во првото коло од ЛШ.