Феноменалниот Миовски со два гола го разбуди Абердин

Абердин конечно, дури во шестото коло ја извојува првата победа во шкотската Премиер лига, а голема заслуга за тоа има македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски.

Миовски даде два гола, првиот и четвртиот, имаше и асистенција, во победата од 4-0 над Рос каунти. И покрај победата, Абердин остана претпоследен на табелата, но барем покажаа дека имаат квалитет со кој заслужуваат многу повисоко место.

Миовски играше 72 минути, а за првпат од 4 февруари наваму постигна два гола на еден натпревар.

- Оглас -

Најнови вести