Распоред за сезоната 2020/21 во Серија А: Пандев и Несторовски против новаците, Елмас гостува кај Парма

Сезоната 2020/21 во Серија А стартува на 20 септември, а напоредно е обелоденет целосниот распоред на натпреварите до 38-мото коло. Нашите претставници Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски ги дознаа противниците во првото коло.

Пандев со Џенова на домашен терен ќе го пречека новиот прволигаш Кротоне на стартот од шампионатот, додека Несторовски со Удинезе исто така ќе игра против уште еден новак, тоа е тимот на Специја. Елмас со Наполи ќе тргне со гостување кај Парма.

Бранителот на титулата Јувентус ќе се соочи со Сампдорија во првото коло, Интер гостува кај Беневенто, а со посебно внимание ќе се проследи дербито меѓу Лацио и Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести