Распродадени билетите за дуелот Партизан – Реал, многу навивачи останаа лути и без влезница

Кошаркарскиот клуб Партизан извести дека се распродадени сите билети за првиот дуел меѓу Партизан и Реал Мадрид во Белград, во рамките од четвртфиналето на Евролигата. Во „Штарк aренаta“ сигурно ќе има nad 20.000 навивачи на Партизан, но според интересот, доколку салата беше и двојно поголема, ќе се наполнеше за овој натпревар.

„Километарска“ беше редицата пред салата, каде што навивачите со часови чекаа да дојдат до билет, а на крајот еден дел од нив останаа разочарани. На шалтерите стоеше натписот РАСПРОДАДЕНО, а дел од разочараните навивачи кои останаа без билети обвинија дека имало манипулација со добивање на билетите.

https://twitter.com/i/status/1651559560790827009

Сигурни со билети за овој меч беа сите оние кои имаат сезонски билети, додека останатите навивачи мораа да се надеваат стоејќи во долгите редови пред салата во Белград.

- Оглас -

Најнови вести