Распродажба во Манчестер: Пола екипа на Јунајтед е на трнсфер-листа

Според финансискиот ферплеј, екипата на Манчестер јунајтед има само 140 милиони евра на располагање за нови трансфери. Оваа сума ни од далеку не ги задоволува желбите на тренерот Ерик тен Хаг и раководството на клубот мора да продаде дел од актуелните фудбалери за да обезбеди дополнителни минимум 100 милиони евра.

На продажба се играчите Ван де Бек (23 милиони евра), Фред (23), Еланга (23), Мејбри (15), Телес (12), Вилијамс (6), Бејли (2) и Игбал (1). Раководството на клубот е подготвено да преговара и за продажбата на Мегваер (47 милиони евра), Мектоминај (47) и Хендерсон (23), но и за Санчо доколку добие понуда од минимум 53 милиони евра и за Марсијал за минимум 30 милиони евра.

Доколку успее да ги продаде сите овие фудбалери, Манчестер јунајтед би заработил над 100 милиони евра и ќе може да се активира на трансфер-пазарот со цел креирање на уште поконкурентна екипа за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести