Шокантни информации пристигнуваат од Минхен, поврзани секако со гордоста на Баварија. Новиот тренер на Баерн, Винсент Компани, и раководството на клубот ја составиле трансфер-листата со фудбалерите кои летово ќе бидат продадено. Шест големи ѕвезди на клубот ќе бидат продадени, иако во моментов за нема пристигнато ниту една понуда.
Се работи за Де Лихт, Кимих, Горецка, Коман, Гнабри и Мазрауи, фудбалери кои заедно вредат 265 милиони евра според Трансфермаркет. Најскап би бил Де Лихт со вредност од 65 милиони евра.
Сето ова би значело дека Баерн Минхен планира да собере голема сума на пари со која потоа ќе се активира на трансфер пазарот и би ангажирал квалитетни фудбалери со кои пред се би ја вратил титулата во Германија, а потоа би ја нападнал и европската круна.
https://twitter.com/Plettigoal/status/1799123938565349470?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1799123938565349470%7Ctwgr%5Ee7027345f7eefdc4aa26a6f0fc8d5e7426b1abf5%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fbayern-prodaja-igraca%2F475969