28.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Растат шансите за Турција да игра финале на Евробаскетот, грчка инвазија на Рига

Вечерва ќе ги дознаеме финалистите на Евробаскетот, а двете денешни полуфиналиња ќе бидат посебно интересни, секое на свој начин.

Најпрвин светскиот првак Германија, кој нема пораз, игра со пријатното изненадување Финска, а според квотите во Sport Life, тука нема дилеми кој ќе победи. Германија е огромен фаворит, но слично беше и кога Финците играа со Србија во осминафиналето, а приредија големо изненадување.

Вечерва силите ќе си ги одмерат Грција и Турција. Тука се очекува многу поголема неизвесност. До вчера квотите за победа на двата тима беа израмнети, а денеска Турците важат за благ фаворит. Повредениот Џеди Осман ќе биде во составот, но не се знае дали и колку ќе може да игра. Селекторот Атаман одлично ги знае Грците, тој е тренер на Панатинаикос.

Турција само еднаш играла финале на ЕП, и тоа во 2001, кога беа домаќини. Грција има две титули, последната пред 20 години. Во грчките медиуми пишуваат дека повеќе од 1.500 фанови со чартер-летови и редовни линии отпатувале утрово кон Рига. Ќе има и над 1.000 Турци на трибините.

Грција ги добила последните пет дуели против Турција на ЕП, но последен пат се сретнаа во 2013.

 

- Оглас -

Најнови вести