Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 18 часот во А1 арената на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје против Украина го игра последниот меч од квалификациите за Светското првенство.
Нашите кошаркари немаат ниту една победа во овој циклус, нема да продолжат во следната фаза квалификации за СП, но имаат обврска да одиграат добро вечерва и чесно да се простат, можеби со победа.
Според квотите во Sport Life, Македонија е тотален аутсајдер. За победа на Црвено-жолтите, квотата во моментов е дури 12,5, а хендикеп границата е поставена на 17,5 поени. Ако верувате дека нашите нема да загубат со повеќе од 17 разлика, може да заработите со уплата на тикет.
Во украинскиот состав ќе ги нема Пустовој и Лукашов, кои се одлични кошаркари кои на првиот меч во Киев во ноември му правеа голем проблем на македонскиот национален тим. Пустовој и Лукашов заедно имаа 31 поен и 12 скока.
На нивно место се ветеранот Кравцов (овој центар во минатото две сезони играше во НБА, бил член на ЦСКА Москва, а во Шпанија освои титула со Валенсија) и дебитантот Ковалев.
Влезот во салата е слободен, КФМ повика на подмладениот македонски состав да му биде дадена поддршка.