ПСЖ и Аталанта во среда ќе ги одмерат силите во битката за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, а како што стојат работите, Светците ќе бидат посилни со Килијан Мбапе. Брзоногиот Французин вчера го одработил тимскиот тренинг заедно со соиграчите, по што пораснаа шансите да настапи во четвртфиналниот дуел.
Мбапе пред околу десетина дена го повреди зглобот и се најавуваше дека ќе го пропушти мечот со Божицата од Бергамо, но очигледно ја надмина повредата и врши напори да биде подготвен да одговори на предизвикот. Тренерот Тухел ја вклучи неговата ѕвезда на списокот играчи кои ќе патуваат во Лисабон, по што остана Верати како единствен играч кој не е достапен за средбата.
Мечот ПСЖ – Аталанта е закажан за среда, во 21 часот.