Првичните тестирања на фудбалерите во Серија А се лош знак за евентуално продолжение на лигата, а најнов случај на заразени со корона-вирус има во редовите на гигантот Милан.
Тестирањата што беа направени во клиниката „Ла Мадонина“ покажале дека четири лица, меѓу кои тројца неофицијално се фудбалери, имаат позитивни тестови.
Фудбалерите на калчолигашите се вратија со индивидуални тренинзи, но повторно се покажа дека корона-вирусот во Италија не е сопрен.
Пред случајот во Милан, и Фиорентина пријави шестмина со симптоми на ковид-19, а и во Сампдорија има ист број позитивни на најновото тестирање како во таборот на Милан.
Фудбалерите неделава почнаа со тренинзи на отворено, со строги мерки на претпазливост, а беше најавено дека од 18 мај ќе биде дозволено и тренирање во групи, па потоа да се одлучи дали има услови Серија А да продолжи да се заврши шампионатот во Италија.