Македонскиот фудбалер Елиф Елмас, кој игра за Наполи како позајмен РБ Лајпциг, може да биде откупен летово од италијанскиот првак, прашање е само по колкава цена.
Германскиот клуб бара 17,5 милиони евра за траен откуп. Наполи нема намера да плати толку, намерата им е да преговараат за намалување на бараната цена и да го добијат Дијамантот за 12-13 милиони евра.
Стратегијата на Наполи е да се развие вредноста на играчот со игрите на теренот, а потоа да се склучи договорот по поодржлива цена, земајќи ги предвид и добрите перформанси на Елмас во последните натпревари.
По голот кој го даде против Торино, во локални медиуми блиски на Наполи коментираат дека Елмас е неправедно критикуван бидејќи поседува натпросечна техничка и тактичка интелигенција, во комбинација со редок професионализам и голема физичка сигурност, особено во сезона исполнета со чести повреди во тимот. Неговиот гол против неговиот поранешен тим Торино беше уште еден знак за неговата корисност, но вистинската вредност на Македонецот останува работата што ја работи секоја недела: жртвување и поддршка за своите соиграчи во најтешките моменти. Не случајно тренерот Конте го нарече со прекар: „Сант Елмас“ (Свети Елмас).

