29.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Растодер: Македонија има квалитетен тим, без размислување го прифатив повикот од селекторот

Елмин Растодер е еден од двајцата дебитанти во македонската фудбалска репрезентација кои се најдоа на списокот на селекторот Благоја Милевски за септемврискиот циклус.
Фудбалерот на швајцарскиот Тун треба да донесе квалитет во офанзивниот ред и се надева дека ќе се наметне во националниот тим.

„Мило ми е што сум тука. Чест е да се биде дел од репрезентацијата на Македонија. Кога го добив повикот, без дилема го прифатив. Македонија има добра репрезентација. Ќе играме два меча, еден пријателски и еден квалификациски, се надевам дека ќе добијам шанса и ќе ја искористам”, вели дебитантот Растодер, кој пристигна во базата на репрезентацијата.

Македонија ќе игра прво пријателски дуел против Саудиска Арабија во Прага, а потоа следува квалификациската пресметка против Лихтенштајн во Скопје на 7 септември.

 

- Оглас -

Најнови вести