Растодер: Не смееше да дозволиме да примиме три гола за 10 минути!

Елмин Растодер во одлична форма на клупски план го прифати репрезентативниот повик за најважниот меч, но голгетерот едноставно немаше многу ни шанса, ни простор да го покаже својот квалитет, затоа што Данска ја контролираше играта во текот на сите 90 минути, а во второто полувреме целосно го скрши отпорот на Македонија.

„Првото полувреме се боревме, во второто не знам што се случи, примивме три гола. Требаше мечот да заврши поинаку. Во првото полувреме бевме добри, имавме неколку шанси, имаше добар контакт, но во вториот дел за девет-десет минути примивме три гола, тоа не смееше да се случи. Не знам што да кажам“, изјави Растодер по убедливиот пораз во Копенхаген.

Македонија сега останува да одигра еден „пријателски“ меч против Република Ирска во Даблин, кој ќе биде само формалност и нема никакво значење.

- Оглас -

Најнови вести