Растодер со два гола против Јанг бојс го зацврсти Тун на првото место во Швајцарија

Македонскиот напаѓач Елмин Растодер постигна два гола во денешната победа на Тун над Јанг бојс од 4-1 во натпревар од швајцарското фудбалско првенство.

Растодер погодуваше за 3-0 и 4-1, и сега има вкупно седум голови сезонава на 20 мечеви во лигата, има и четири асистенции.

Инаку екипата на Тун за која настапува Растодер, е лидер на табелата со 46 бодови, а Сент Гален може да им се доближи на три бода негатива ако ги добие двата меча кои треба да ги игра, од кои едниот е во тек.

- Оглас -

Најнови вести