Растур-систем во Кичево – Погоди три меча со големи коефициенти, добивката од 10.000 евра му ја донесе голот во 97-мата минута

Обложувач во Sport Life со уплатен тикет во Кичево се радува на огромна добивка од 684.394 денари во бруто-износ, а одиграл велемајсторски со огромни коефициенти на играта полувреме-крај со два типувани натпревари 1-Х и еден со 2-Х.

Сите дуели се играа во саботата, а веќе на стартот имаше голема драма со потребниот погодок за израмнување на Јан Регенсбург во 97-мата минута на дуелот од популарната германска Цвајта против Дармштад што се играше од 13 часот.

Добитникот на речиси 10.000 евра нето за уплата од 100 денари, одигра 2-Х на овој меч, односно дека гостите ќе водат по првото полувреме и дека мечот ќе заврши нерешено.

ГЕРМАНСКАТА ДРАМА ЗАВРШИ СО ХЕПИЕНД ВО 97-МАТА МИНУТА, ЛУДИ И СРЕЌНИ БЕА ЗАВРШНИЦИТЕ И ВО АНГЛИЈА И ВО ЧЕШКА

За реми 1:1 се погрижи 21-годишниот напаѓач на домаќините Чалисанкер со погодок во седмата минута од судиското продолжение. Коефициентот што е погоден е 17.25, а драмата во Кичево продолжи со дуелите меѓу Сандерленд и Гилингам во англиската Лига 1 и со мечот од првата чешка лига меѓу Теплице и Карвина, двата играни од 14 часот.

Црните мачки од Сандерленд водеа со 2:1 по првото полувреме и ја имаа предноста до 90-тата минута, кога Греем израмни на 2:2. Таман за фатен знак 1-Х со коефициент 23 во Sport Life.

Дека кога сака, сака, се потврди и на натпреварот во Чешка одигран со знак 1-Х и коефициент од 17.25.

Теплице имаше сигурна предност од 2:0 по 45 минути игра, но и тука имаше луда завршница. Карвина намали на 2:1 со гол во 67-мата минута, а потоа и израмни на 2:2 со погодок во 82-рата минута.

Кулминацијата во исчекување на крај на мечот беше со хепиенд за велемајсторот од Кичево, кој со уплата од 100 денари си ќари огромна добивка од 10.000 евра во нето износ.

ОХРИЃАНИ ГАЗАТ, ОСТВАРЕН Е ДВОЕН ЌАР СО ОДЛИЧНИ ТИКЕТИ

Во Охрид на две различни локации двајца обложувачи со тикети во Sport Life имаат одличен ќар. На едниот тикет со уплата од 1.000 денари, добивката е 261.139 денари во бруто-износ, а одиграни се 11 натпревари.

Грото фаворити предводени од актуелниот германски и европски првак Баерн Минхен што се одиграни на тикетот лесно ги исполнија очекувањата на обложувачот што уплатил во Sport Life на локацијата Охрид 6 и комбинирано со голови во Холандија, Швајцарија и Турција му донесоа супер ќар од 3.600 евра во нето износ.

Со интересна игра, комбинирани конечен тип или полувреме-крај со голови исто така во Охрид, на локацијата кај автобуската станица има одличен добитен тикет со уплата од скромни 30 денари и добивка од 71.267 денари.

Концептот е интересен и излезе оригинален и добитен, а на сите мечеви е одиграно на победи на фаворитите со комбинација на голови, од 0-3 и од 0-4. Одличната стратегија да се победи без многу голови на сопственикот на тикетот му донесе ќар од 1.000 евра нето.

ГОСТИВАРЦИ ПОТВРДИЈА ДЕКА СЕ ШАМПИОНИ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ СО НОВА ГОЛЕМА ДОБИВКА ВО SPORT LIFE 

Гостиварци држат темпо и секој викенд речиси без исклучок во овој град има топ-добивки во Sport Life. Имаше и милионери, а сега повторно во Гостивар има топ-тикет со ќар од 289.224 денари на одигран тикет со уплата од 150 денари.

Одиграни се само четири пара, сите во различни варијанти на голови. Два од нив се со 3+ прво полувреме, а останатите два се со Т1 2+ прво полувреме, односно дека домаќините најмалку двапати ќе ја погодат мрежата на своите ривали во првиот дел од мечот.

Хамбургер и Падерборн во германската втора лига одиграа 2:1 по првите 45 минути, а фатен е коефициент од 8.00 на играта 3+ п.п.

Иста е квотата и на мечот Башакшехир – Хатајаспор со истата игра 3+ п.п., а тука гостите го растурија шампионот со три гола во првиот дел и победија со резултат од 1:5.

Романскиот клуб Сепси успеа да постигне два гола за 45 минути игра против Волунтари, иако потоа не победи бидејќи мечот заврши 2:2, но важно за обложувачот од Гостивар беше домаќините двапати во првото поливреме да ја погодат мрежата на тимот за кој игра Виктор Ангелов. Коефициентот и тука е одличен и во Sport Life изнесуваше 5.15.

За добивка од 4.000 евра нето во Гостивар се погрижија фудбалерите на лидерот во Серија Б, Емполи, со два гола во првиот дел против Фрозиноне.

Манкусо беше прецизен во 34-тата минута, па се чекаше уште еден погодок и, за среќа, го постигна Журковски во 42-рата минута за голема радост на обложувачот со топ-тикет со четири пара и одлични погодени коефициенти.

 

- Оглас -

Најнови вести