Србинот Ратко Павличевиќ е нов селектор на машката одбојкарска репрезентација и ќе дебитира на кормилото на дуелите од Сребрената лига на Европа.
Павличевиќ ќе го замени Душко Николиќ, кој стана селектор на Босна и Херцеговина.
Павличевиќ е искусен одбојкарски стратег и има работено во Швајцарија, Србија, каде што беше тренер и на машката и на женската екипа на Црвена ѕвезда, а има искуство и во Грција и во Саудиска Арабија.
Нашата репрезентација треба да ги почне подготовките за настапот во Сребрената европска лига, каде што противници ќе ни бидат Албанија, Босна и Херцеговина и Романија.