Ратко Павличевиќ е нов селектор на одбојкарите, ќе дебитира во Сребрената лига на Европа

Србинот Ратко Павличевиќ е нов селектор на машката одбојкарска репрезентација и ќе дебитира на кормилото на дуелите од Сребрената лига на Европа.

Павличевиќ ќе го замени Душко Николиќ, кој стана селектор на Босна и Херцеговина.

Павличевиќ е искусен одбојкарски стратег и има работено во Швајцарија, Србија, каде што беше тренер и на машката и на женската екипа на Црвена ѕвезда, а има искуство и во Грција и во Саудиска Арабија.

Нашата репрезентација треба да ги почне подготовките за настапот во Сребрената европска лига, каде што противници ќе ни бидат Албанија, Босна и Херцеговина и Романија.

- Оглас -

Најнови вести