37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Раул Алонсо веќе не е тренер на Еурофарм Пелистер, веднаш си најде нова работа

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер и тренерот Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката.

Битолчани објавија дека до раскинот дошло по барање на тренерот кој поради приватни причини побарал да се врати во Германија и му се заблагодарија и му посакаа многу успех понатаму.

„Приватните причини“ се договор со бундеслигашот Лајпциг. Од Лајпциг официјално објавија дека потпишале двегодишен договор со шпанскиот стручњак.

„Многу сум среќен за новиот предизвик. Клубот и градот оставија многу добар впечаток врз мене. Ви благодарам за довербата и со нетрпение очекувам наскоро да соработувам со тимот и да напредуваме чекор по чекор заедно“, рече Алонсо. 

- Оглас -

Најнови вести