Раул Асенсио вечерва нема да дебитира за Шпанија, во аут и „супер резервата“ на Барса

Европскиот првак Шпанија вечерва на гости против Холандија во првиот четвртфинален меч тргнува по титулата во Лигата на нациите, а селекторот на Црвената фурија, Луис де ла Фуенте, одбра 23-ца играчи на кои смета, отпишувајќи тројца од моќниот состав што го има на располагање.

Селекторот за вечерва реши да ги пречкрта Раул Асенсио од Реал Мадрид, Феран Торес и Јереми Пино од Вилјареал.

Дефанзивецот на Реал дебито за Шпанија ќе го почека во друга прилика, можеби на реваншот со Лалињата в недела во Валенсија, а вечерва во одбраната може да дебитира Дин Хујсен, кој игра за Борнмут, иако се очекува да им биде резерва на Ле Норманд и Кубарси.

Хујсен е роден во Амстердам, Холандија, но пораснат е во Малага, каде што се преселил кога имал 5 години и затоа Шпанците сакаат што побрзо да го „врзат“ за да нема право да игра за Холандија или за друга репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести