Легендата и долгогодишен капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, верува дека е главен кандидат за наследник на Карло Анчелоти на клупата на најтрофејниот шпански клуб, па затоа ја одбил понудата од премиерлигашот Лидс.
Ситуацијата во Реал сезонава не е розева, особено ако не го освојат ни Светското клупско првенство, па можно е летово да се случи разделба со Карло Анчелоти, кој има договор до 2024 година.
Раул е успешен како тренер на вториот тим на Реал и се зборува дека заедно со Чаби Алонсо се главни фаворити да станат тренери на првиот тим кога ќе си замине Анчелоти.
Ако се случи Раул да биде тренер, Раул планира дел од младите играчи на Кастилја да ги пресели во првиот тим, слично како во случајот со Барселона со Педри и Гави.