Управата на Виљареал по лошиот старт на сезоната го отпушти Кике Сетиен, и на негово место би можел да дојде легендарниот напаѓач на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Раул Гонзалес.
Раул моменто е тренер на вториот тим на Реал Мадрид, но извесен период се споменува со преземање на екипи од Ла Лига, летото интерес за него пројавија Хетафе и Рајо Ваљекано за кого брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1700030455284969790?s=20
Шпанските медиуми пишуваат дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перес нема да му прави проблеми на Раул и ќе му дозволи да седне на клупата на Виљареал кој во првите четири кола дури трипати загуби.