-0.2 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Раул Гонзалес се обиде со револуционерна идеја во ракометот да ја изненади Шпанија

Селекторот на ракометната репрезентација на Србија, Раул Гонзалес, на натпреварот од Европското првенство против Шпанија се обиде да примени една револуционерна идеја.

Шпанскиот стручњак, кој во минатото беше тренер на РК Вардар и македонски селектор, против своите сонародници реши да игра со систем „седум на шест“, но не со два пивоти, туку со дури четири бека, но таа тактика не му се исплатеше.

Голманот Сергеј Ернандез одбрани два напади, Шпанците своите два ги искористија и со резултат 26-24 дојдоа до недостижна предност три минути пред крајот на натпреварот.

„Имаме графички приказ дека Србија повторно е со играч повеќе во составот. И навистина е така односот на силите. Но пак – четири бека. Интересно. Не паметам да сум видел ваква употреба на четири бека“, изјави коментаторот на „Арена Спорт“.

Сè што успеаја Србите беше да ја намалат разликата на конечни два гола, па Шпанија го отвори Европското првенство со победа, а Србија со пораз.

Во второто коло Србија ја очекува дуел против Германија, додека Шпанија ќе ги одмери силите со Австрија.

- Оглас -

Најнови вести