Манчестер сити со задоцнување од едно коло тргна со триумф од 3-1 на гостувањето кај Вулвехемптон. Граѓаните половично возвратија за минатосезонскиот двоен пораз од Волците, а Де Бројне и младиот Фоден се креаторите на победата за тимот на Пеп Гвардиола.
https://twitter.com/LivePLgoals/status/1308128263546589185
По 20 минути игра, гостите добија прилика да поведат од белата точка, откако беше направен прекршок во шеснаесетникот над Де Бројне. Белгиската ѕвезда сигурно реализираше, а веќе во 32-рата минута Сити дојде до 2-0 по точното проигрување на Стерлинг до сонародникот Фоден.
https://twitter.com/futurefights360/status/1308133158861275138
Вулверхемптон за момент ги врати надежите и намали на 2-1 во 78-мата минута преку Раул Хименес, меѓутоа тоа беше максимумот на составот на Нуно Сантос во оваа средба. Во самиот финиш Габриел Жезус го постави конечниот резултат на „Молињу“.
https://twitter.com/AdemolaVictor/status/1308146996121948160
Волците по две кола бележат по една победа и пораз, Сити со три бода по еден меч во следното коло ќе го пречека Лестер.