Разделба полна со емоции: Рамос се прости од Реал Мадрид (видео)

По цели 16 години, 22 освоени трофеи, 671 настап и 101 гол за Реал Мадрид, Серхио Рамос заминува од клубот. Капитенот ја завршува долгогодишната авантура со Кралевите и си оди како вистинска легенда.

„Дојде и овој момент, еден од најтешките во мојот живот. Дојде моментот да се збогувам со Реал Мадрид. Невозможно е да се задржат емоциите. Би сакал да се збогувам со сите на „Сантијаго Бернабеу“, а на Реал да му кажам благодарам за сè. Овој клуб секогаш ќе го носам во срцето. Една прекрасна и уникатна авантура во мојот живот завршува, а се отвора нова надеж за мојата иднина. Сакам да покажам дека во мене уште има сила да играм на врвно ниво и да додадам уште еден трофеј во колекцијата. Ова повеќе е довидување отколку збогум бидејќи знам дека еден ден ќе се вратам тука“, во солзи говореше Рамос.

Од 1 јули Рамос ќе биде слободен играч, а има неколку гиганти, како Манчестер сити и Јувентус, кои го посакуваат искусниот шпански стопер во своите редови. Ветеранот исто така има понуда да се врати во Севилја, што значи дека Рамос нема долго време да биде без клуб.

- Оглас -

Најнови вести