Раководството на Реал Мадрид донело важна одлука, да го продаде бразилскиот напаѓач Винисиус јуниор на крајот од сезонатa, тврди весникот „Билд“.
Конечното решение е донесено по инцидентот на натпреварот против Барселона. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, е изморен од провокативното однесување на играчот и сака да покаже дека никој не е поважен од клубот.
На 26 октомври Реал Мадрид ja победи Барселона со 2-1 на домашен терен во дербито од шпанското првенство, а Винисиус беше заменет во 72-та минута. Тогаш Бразилецот емотивно реагираше на одлуката и коментираше кон тренерот Чаби Алонсо.
„Зошто секогаш јас? Ја напуштам екипата, заминувам“.
Сепак, потоа се извини на тимот и на тренерот.
25-годишниот Винисиус јуниор игра за Реал Мадрид од 2018 година, со освоени три титули во Шпанија и две титули во Лигата на шампионите. Бразилецот одигра 335 натпревари за Реал, постигнувајќи 111 голови и забележувајќи 87 асистенции. Офанзивецот има и 43 настапи за бразилската репрезентација, постигнувајќи осум голови.
Според одредени информации, саудискиот Ал-Ахли започнал преговори со Реал Мадрид за трансферот на Винисиус јуниор. Наводно, тие понудиле 345 милиони евра доколку засегнатите страни одлучат да не го продолжат неговиот договор, кој важи до летото 2027 година.
По ова, јасно е дека евентуалниот трансфер на Винисиус може да стане најскапиот во историјата на фудбалот. Досегашниот рекорд е трансферот на бразилскиот напаѓач Нејмар од шпанската Барселона во францускиот шампион Пари Сен Жермен летото 2017 година за 222 милиони евра.

