Разиграни Македонци и во тенисот – Ивановски и Ѓорческа ќе играат четвртфиналиња во Тунис и Естонија

Калин Ивановски и Лина Ѓорческа ќе играат во четвртфиналињата на тениските турнири во Тунис, односно Естонија.

Нашата најдобра тенисерка одигра драматично осминафинале во Талин и успеа да победи со 2:1 во сетови против Литванката Микулските.

Лина е седма носителка на турнирот во Талин и за полуфинале утrе ќе игра против Турчинката Зејнеп Сонмез.

Ивановски исто така одигра неизвесно осминафинале на АТП турнирот во Монастир и со 2:0 успеа да го елиминира Николас Тепмач.

За да игра полуфинале петтиот носител од Македонија ќе мора да елиминира уште еден француски тенисер и тоа првиот фаворит на турнирот, Робин Бертран.

- Оглас -

Најнови вести