Разиграниот Бензема го однесе Реал во полуфинале на Купот

Реал Мадрид со победа и на гостувањето ја елиминираше Жирона и стана четвртиот полуфиналист на шпанскиот куп покрај Барселона, Бетис и Валенсија. Реал вечерва во Каталонија победи со 3-1, што заедно со 4-2 од првиот дуел, на убедлив начин го однесоа меѓу четирите најдобри.

Карим Бензема даде два гола во првото полувреме и ги реши сите дилеми околу патникот во следната фаза. Французинот даде пет гола на последните три меча во рок од една недела. Тој го надмина Уго Санчес и стана шести стрелец во историјата на Реал. Сега пред него се само Кристијано Роналдо, Раул, Ди Стефано, Сантилјана и Пушкаш. Бензема првпат откако е во Реал успеа против еден ист тим во иста сезона двапати да даде по два гола.

Жирона намали преку 19-годишниот Поро, кому ова му е прв гол во кариерата, а Љоренте ги постави конечните 3-1 за Кралскиот клуб. Љоренте, кој е замена за Касемиро во средниот ред, сезонава има два шута во рамките на голот и постигна два гола, и двата се со шутеви од надвор од шеснаесетникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести