Разиграниот Реал со најубедлива победа сезонава, нов гол на Ѓулер (Видео)

Реал Мадрид го прегази Алавес со 5-0, а пред мечот мадриѓаните го покажаа шампионскиот трофеј од Ла Лига пред публиката на „Сантијаго Бернабеу“.

За Реал ова е најубедлива победа сезонава во лигата, а вторпат дадоа пет гола. Се истакнаа: Винисиус со два гола, Белингам со гол и асистенција, Ѓулер пак даде гол, негов четврти само за речиси 300 минути игра, но и голманот Куртоа, кој се наметна и можеби е фаворит да стои на голот за финалето на ЛШ против Борусија Дортмунд.

Најубавиот од петте гола беше третиот, кој го постигна Валверде, погледнете го:

- Оглас -

Најнови вести