Различна судбина во Спортинг за шампионскиот двоец од Риека – Ристовски е казнет, Мишиќ испратен во Динамо Загреб

Стефан Ристовски е казнет поради одбивање да се пресели во Динамо Москва и според одлуката на раководството на Спортинг Лисабон, ќе тренира со тимот Б на португалскиот гигант.

Нашиот репрезентативец имаше можност да се пресели во Русија, но остана во Спортинг со најава дека ќе се бори за статусот првотимец, но Рубен Аморим не смета на него, па за одбивањето на трансферот во Динамо е казнет со преселба во вториот тим на популарните Орли.

Јосип Мишиќ, неговиот некогашен соиграч од шампионските денови на Риека и неодамнешен соиграч во Спортинг, ги искористи последните моменти од трансфер-периодот и се пресели во Динамо Загреб.

Мишиќ лани играше како позајмен фудбалер од Спортинг во ПАОК, а сега ја искористи можноста да се врати во Хрватска и да игра за шампионот Динамо Загреб.

 

- Оглас -

Најнови вести