Различно ќе почне Новата година во Ла Лига – Шпанците се подарежливи, Баскија пресече на пола

Шпанската Влада донесе одлука цел јануари на стадионите во Првата шпанска лига да биде дозволен капацитет од 75 отсто пополнетост со публика, а интересно е тоа што сосема различна одлука од централната власт донесоа Баскијците.

Реал Сосиедад, Атлетик Билбао и Алавес, според одлуката на баскиските власти, ќе имаат намален капацитет на 50 отсто за натпреварите што ќе се играат на почетокот на 2022 година, односно од 1 до 31 јануари.

Толкав, според одлуката на шпанската влада, ќе биде капацитетот на дозволени места на трибините за спортови што се играат во затворен простор.

Оваа одлука е донесена со цел да се спречи ширењето на пандемијата со ковид-19, која повторно зема замав во Шпанија.

Клубовите од Ла Лига имаат многу проблеми и голем број заразени со корона-вирус пред стартот на вториот дел од сезоната, закажан за втори јануари, со натпревари од 19-тото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести