Разликата од првиот до шестиот е само три бода, а три клуба се фаворити за титулата во Англија (Фото)

Англиската Премиер лига е најсилната национална лига на светот во моментов, а првите седум кола најавуваат и многу интересна сезона.

Првиот пораз на Манчестер сити направи голема мешаница на врвот. Граѓаните и понатаму се први, но сега со само еден бод предност во однос на Тотенхем и Арсенал, два пред Ливероул, а на петтата Астон Вила и шестиот Брајтон му бегаат само три бода.

Сето ова најавува интересна сезона со голема битка за излез во Европа, и секој пораз може да донесе промени на табелата.

Според квотите во Sport Life, и понатаму прв фаворит за титулата е Сити, а потоа следуваат Ливерпул и Арсенал. За останатите од водечката шесторка, квотите се многу поголеми.

- Оглас -

Најнови вести