Разликата останува иста: Реми во Леверкузен на баварско задоволство

Бундеслигашкото дерби помеѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен заврши без голови, 0-0, се чини на задоволство на гостите од Баварија. Растојанието помеѓу двете екипи останува исто, осум бода, па Баерн сигурно чекори кон враќање на трофејот во своите витрини.

Статистички, Баер Леверкузен беше далеку подобар противник, имаше поголем посед на топката, имаше и три удари во рамки на противничкиот гол, наспроти нитуеден на противникот.

„Фармацевтите“ изведоа и шест корнери, а Баерн нула. Сепак, на крајот се бројат само головите, а нив во Леверкузен ги немаше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести