Размената договорена: Пјаниќ во Барса, Артур во Јуве

Се чини дека Барселона и Јувентус остварија договор за размена на двајцата играчи за врска Миралем Пјаниќ и Артур Мело. Босанскиот репрезентативец од Торино ќе се пресели на „Камп ноу“, додека Бразилецот ќе оди во спротивна насока. Според италијанскиот весник „Ла Република“, трампата ќе се финализира пред 30 јуни, односно во текот на оваа недела.

Веќе извесно време се зборува за оваа трампа, но досега не можеше да се реализира бидејќи Артур одбиваше да ги напушти редовите на актуелниот шпански првак. По сите изгледи, тој ако сака да игра на врвно ниво, нема друг избор и ќе мора да се согласи да си замине од Каталонија, наместо да биде резерва како што е сега.

Пјаниќ, пак, е во потрага по нов предизвик, а нема поголем предизвик од тоа да се облече дресот на Барселона. Инаку за услугите на Босанецот, Каталонците најверојатно ќе вклучат уште еден играч во размената наместо да доплаќаат со пари, а двете опции се Серхи Роберто и Нелсон Семедо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести