Новото, 28-мо коло од Спортска прогноза е на прагот, а одбраните 13 натпревари се подготвени за типување. Како што е добро познато, мајсторот што ќе ги погоди сите 13 средби ќе си добие на подарок „ајфон 12“.
Првата средба од овој викенд се игра утре од 13:30 часот, добро познатиот термин за премиерлигашки фудбал. Како што пишувавме пред некој ден, прогнозерите силно му веруваат на Арсенал.
Втората средба е само половина час подоцна, а ќе се сретнат екипите на Алавес и Гранада. Дури 69,88% од играчите веруваат во домашен триумф, додека само 8,11 отсто се надеваат на сензација и победа на гостите. Дека ќе биде нерешено, сметаат 22,01 процент од прогнозерите.
Покрај прекрасниот „ајфон 12“, кој му следува на прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 натпревари, со една промашена средба следува ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а со две утки се добива ваучер од 500 денари.