Разновидност на дербијата во Манчестер, Билбао и Солун

Мечот помеѓу вториот и петтиот тим на табелата во Премиерлигата може да донесе промени во изгледот на врвот, но не и да одлучи за титулата или четвртото место. За денеска ви предлагаме да ги играте и историски големите дербија помеѓу ривалите од шпанските области Баскија и Каталонија, како и солунската пресметка која може да го одлучи првакот на нашиот јужен сосед.

 

Манчестер сити – Челзи (17.00 часот)

На последните четири меѓусебни дуели помеѓу овие тимови, никогаш не паднаа повеќе од два гола, па редно е таа традиција да заврши и публиката да види барем три погодоци. Тимовите се способни за такво нешто, имаат играчи кои лесно може да дадат гол. Домашниот терен сезонава е голема предност за „граѓаните“, а Челзи во 2019 година нема дадено гол на гости.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.60)

 

Милан – Каљари (20.30 часот)

Кога играат овие два тима, често се случува да биде „Гол-Гол“. Милан е во подобра форма, откако загуби во Суперкупот, има по две нерешени и победи. Шанса за Пјонтек да се потврди како засиливање за нападот. Каљари е без победа годинава, на последните пет меча има четири порази и едно реми.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 2+ (2.05)

 

Атлетик Билбао – Барселона (20.45 часот)

После двата нерешени резултати, Барселона сака да се врати на победничкиот пат и да побегне на големи 8 бода предност во однос на Реал. Гордоста на баскијците не им дозволува лесно да се предадат и гостите ги чека тешка борба, особено што Билбао е само три бода над опасната зона. Обидете се да типувате дека барем во едното полувреме двата тима ќе дадат гол.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.05)

 

Ница – Лион (21.00 часот)

Колото во француската лига се затвора со овој меч, во кој гостите се во предност, бидејќи си ја подобрија формата пред тешките мечеви во ЛШ со Барселона. Лион е во серија од пет победи по ред и победата му трба во трката за второто место, додека Ница треба да се вади за тешкиот пораз од Лил во минатото коло.

Предлог тип: 2-3 гола (2.03)

 

ПАОК – Олимпијакос (18.30 часот)

Дербито во Солун може да одлучува и за титулата во Грција. ПАОК има шест бода предност, и ако триумфира, ќе биде блиску до толку посакуваниот трофеј кој одамна го чека. ПАОК во првиот дел славеше во Пиреја, па и сега е фаворит, но ќе треба и навивачите да бидат трпеливи и да ги контролираат нервите, бидејќи претходното дерби на „Тумба“ беше прекинато поради нереди.

Предлог тип: Х (2.95)

- Оглас -

Најнови вести