Барселона синоќа со 2-1 го победи Реал Сосиедад и остана на девет бода пред Атлетико Мадрид. Интересно е што погодокот што го постигна Жорди Алба за 2-1 беше сомнителен, но судијата реши да го признае, и тоа без да гледа повторена снимка, односно да побара помош од ВАР-технологијата.
Алба погоди од далечина, но пред голот на гостите се најде Дембеле и му попречи да го види летот на топката. Во таква ситуација правилото вели дека постои офсајд и голот можеше да биде поништен. Сепак, арбитeрот не сакаше да погледне, а тоа наиде на реакција кај Сосиедад.
„Судијата требаше барем од почит да погледне снимка од таа ситуација. Не може таков очигледен офсајд да не се погледне“, велат од Сосиедад.